Утрински Весник
Спорт

Куртоа: Мечот за третото место не треба да се игра

Куртоа: Мечот за третото место не треба да се игра

Белгија, утре од 15 часот, против Италија ќе го игра натпреварот за третото место во Лигата на нации. Белгијците, беа блиску до пласман во финалето, во полу-финалето испуштија предност од 2:0 против Франција.

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, не може да разбере зошто се игра овој натпревар.

„Кога водиш со 2:0, не можеш да загубиш. Но ние го направивме тоа. И сега не чека натпревар во кој ќе се бориме за ништо. Неважно е дали ќе бидеме трети или четврти во Лигата на нации. Не знам зошто се игра вој меч. Тоа ќе наликува на тренинг-натпревар“, рекол Куртоа.

Противник на Белгија ќе и биде селекцијата на Италија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот на Јувентус, во Торино.

> Куртоа: Мечот за третото место не треба да се игра <

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата