Утрински Весник
Спорт

Куртоа е прв фаворит за Јашин трофејот

„Франс фудбал“ ги објави и кандидатите за наградата за најдобар голман минатата сезона, Јашин трофејот, во кој белгискиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е прв фаворит за награата пред Алисон и Едуар Менди.

dobivaj vesti na viber

Минатата година, во првото доделување на наградата, Џанлуиџи Донарума беше убедлив победник по победата на Италија на Европското првенство, но овој пат Куртоа е прв фаворит откако беше еден од најзаслужните за 1:0 победата на Реал над Ливерпул во финалето на Лигата на шампиони,

Негови ривали ќе бидат Јасин Буну (Севилја), Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер сити), Мајк Мањан (Милан), Едуар Менди (Челси), Мануел Ноер (Баерн Минхен), Јан Облак (Атлетико Мадрид), Кевин Трап (Ајнтрахт) и Уго Љорис (Тотенхем).

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал