Утрински Весник
Свет

Курти: Оваа есен ќе е одлучувачка, созреа времето за конечен договор

Косово и Србија немаат друга алтернатива освен да постигнат конечен договор за нормализација на односите, изјави косовскиот премиер Албин Курти во интервју за „Блумберг“, додавајќи дека е дојдено време тоа да се направи за време на неговиот мандат.

dobivaj vesti na viber

„Мораме да имаме договор, а дојде време за време на мандатот на нашата влада. Гледам можност. Оваа есен ќе биде доста одлучувачка за да видиме дали треба да бидеме оптимисти“ – изјави Курти.

Тој рече дека гледа потенцијал за договор во констелацијата на администрацијата предводена од американскиот претседател Џозеф Бајден, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Рече и дека негова најголема грижа е што Вучиќ се уште не се оградил доволно од своето минато кога беше министер за информации за време на владата на Слободан Милошевиќ во 90-тите години, пишува „Косово онлајн“.

Тензиите меѓу Србија и Косово се разгореа минатиот месец откако Курти се заложи за барање Србите кои живеат во Косово да имаат документи издадени од Приштина наместо лични карти и таблички на автомобили издадени од Белград. Бидејќи локалните Срби ги блокираа патиштата во знак на протест и по притисокот од меѓународните посредници, Приштина ја одложи својата одлука за еден месец до 1 септември.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците