Утрински Весник
Економија

Купувач од Либан го одбил житото од Украина поради доцнење од неколку месеци

Ss2

Купувач од Либан го одбил житото од Украина, кое со бродот „Разони“ било доставено до либанското пристаниште Триполи поради неколкумесечно доцнење, соопшти украинската амбасада во Бејрут.

dobivaj vesti na viber

Купувачот го објаснил одбивањето со доцнењето на товарот од повеќе од пет месеци, објави Ројтерс.

300x250 (7)

„Според информациите дадени од испраќачот на украинско жито на бродот „Разони“, купувачот во Либан одбил да го прифати товарот поради доцнење во однос на испораката“, соопшти украинската амбасада на Фејсбук.

Во соопштението се додава дека испраќачот сега бара друг примач да го истовари неговиот товар или во Либан или во која било друга земја.

„Разони“ е првиот товарен брод со украинско жито што го напушти пристаништето Одеса како дел од договорот за деблокирање на украинските пристаништа, а превезува нешто повеќе од 26.000 тони пченка.

Обединетите нации и Турција посредуваа во договорот меѓу Киев и Москва минатиот месец, по предупредувањата дека запирањето на украинските пратки жито предизвикано од руската инвазија на Украина може да доведе до сериозен недостиг на храна, па дури и до појава на глад во некои делови од светот, според британската агенција.

Досега со седум брода од Украина се извезени околу 243.000 тони пченка, од првото полетување на 1 август, покажуваат податоците на Ројтерс според турското Министерство за одбрана.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање