Утрински Весник
Спорт

Куман: Ја имам поддршката од играчите

Куман: Ја имам поддршката од играчите
Dik 300x250 mk

Барселона доживеа уште еден тежок пораз. Бенфика ги победи во Лисабон со 3:0, во второто коло, во Е-групата, во Лигата на шампиони. Барселона е последна во групата, без освоен бод и без постигнат гол во првите два натпревари.

Јасно е дека овој пораз дополнително ја компромитира позицијата на тренерот Роналд Куман, чии тим го очекува дуел со Атлетико во Мадрид. Куман поради суспензија ќе го пропушти овој натпревар.

„Тешко е да се прифати овој резултат. Мислам дека не ги отсликува настаните на теренот. Игравме добро се до моментот кога го примивме вториот гол. Нема да зборувам за квалитетот на овој тим, не ја гледам поентата да се споредува со некои тимови на Барселона од минатото. Тоа е јасно како ден. Можам само да ви кажам дека ја имам поддршката од играчите“, рекол Куман.

Барселона во наредната рунда, на 20.октомври, ќе го пречека Динамо Киев.

> Куман: Ја имам поддршката од играчите <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен