Утрински Весник
Спорт

Куман: Уживам во преостанатото време

Куман: Уживам во преостанатото време

Барселона, вечерва, гостува на „Ваљехас“ во Мадрид, кај Рајо Ваљекано. Најавувајќи го натпреварот, тренерот Роналд Куман, проговорил и за својата иднина во клубот.

„Јас сум возрасен човек, знам како одат работите. Сакам да уживам во преостанатото време, дали тоа ќе бидат осум години, шест месеци или само неколку недели. Мислам дека е важно да го победиме Рајо Ваљекано. Не смееме да си дозволиме уште еден пораз“, рекол Холанѓанецот.

Барселона во неделата доживеа пораз од Реал (1:2), евентуалниот неуспех во Мадрид уште повеќе ќе го оддалечи тимот на Куман од горниот дел на табелата.

Дуелот на „Ваљекас“ ќе започне во 19 часот.

> Куман: Уживам во преостанатото време <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал