Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кумановските пожарникари лани имале 617 интервенции

Кумановските пожарникари лани имале 617 интервенции
300x250 opst2

Куманово, 12 февруари 2020 (МИА) – Кумановските пожарникари, лани секојдневно, речиси по два пати  интервенрирале на пожари, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово. Лани, интервенирале на 577 пожари, помагале во гасење на пожари во три соседни општини, имале 37 технички интервенции што опфаќа ангажирање при сообраќајни несреќи, поплави.

-Во 2019 имавме 79 интервенции повеќе во однос на предминатата година, изјави, командирот на ТППЕ, Куманово Дејан Илиевски.

Минатата година  се случиле 127 пожари на објекти, 304  на отворено, пожари на земјоделски површини, 109 на диви депонии, контејнери, 37 интервенции на сообраќајни несреќи.

Кумановските пожарникари 2019 година ја оценуваат како една од најнеповолните споредено со последните години, особено во летниот период кога имало денови со по десетина пожари.

Во кумановската противпожарна единица ангажирани се 49 пожарникари, што според командирот Илиевски е релативно добра екипираност.ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Ѓорче Петров ќе биде меѓу првите општини со бесплатни „Wi-Fi“ зони

Битиќи од Струмица: Кога Мицкоски ќе каже дека економијата успева, погледнете ги вашите фактури

Со традиционалното формирање на знамето во Прилеп започна чествувањето за 11 Октомври