Утрински Весник
Македонија

Кумановскиот театар почнува со драматизација на книги за најмладите

Кумановскиот театар почнува со драматизација на книги за најмладите

Куманово 18 мај 2020 (МИА) – Кумановскиот театар од денеска почнува со драматизација на книги за најмладите во соработка со Издавачки Центар „Три“. Драматизацијата е веќе почната и е достапна за децата, соопштија од театарот.

– Во оваа време на пандемија читањето секако треба да биде едно убаво искуство, затоа актерите од Театар Куманово подготвија видео драматизација на книгата за деца „Лили Сама“ од Џеклин Вилсон, со која сакаме да ги анимираме најмладите да читаат, а со тоа да ја претставиме и драмската уметност online секако прилагодена на моменталните услови, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев”, Сашо Тодоровски.

Секоја книга што ќе се драматизира ќе биде доделена на некој од публиката. Одговорните очекуваат да наидат на позитивен одговор се до моментот кога ќе се обезбедат услови за посета на театрите. ам/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе