Утрински Весник
Македонија

Кумановка со нож го нападнала сопругот зашто сакал го повреди нивното дете

Кумановка со нож го нападнала сопругот зашто сакал го повреди нивното дете

Во куќа во кумановското село Табановце, вчера во вечерните часови се случила семејна расправија со тешки последици.

Како што информираат од МВР, 23-годишната Ј.А, во текот на расправијата, со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А. (25), кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете.

Тој бил пренесен во кумановската болница каде му биле констатирани тешки повреди.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

СДСМ го одржува 32. Конгрес

Сончево и топло, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме

Родителите на загинатите во „Пулс“ на 45. Марш на ангелите: Не бараме пресуда однапред, бараме вистина и правда