Утрински Весник
Македонија

Кумановец со автомобилот излетал од патот и удрил во работна машина

Кумановец со автомобилот излетал од патот и удрил во работна машина

Синоќа на автопат Миладиновци-Штип, во близина на населба „Три чешми“, М.К.(52) од Куманово, кој управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во работна машина паркирана надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила полициска екипа.

Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Мицкоски: Бугарија станува прибежиште за криминалци – случајот со Ива Михаилова ќе го отвориме пред НАТО и ЕУ

Треновски: Не очекувајте големо поевтинување на становите, но цените може да стагнираат