Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кулибали: Јас во Јувентус? Никогаш не би направил такво предавство

Кулибали: Јас во Јувентус? Никогаш не би направил такво предавство
Img 7972

Калиду Кулибали со години е еден од најдобрите централни дефанзивци во светот. Од почетокот на сезоната е вистински командант на одбраната на Наполи, која во Серија А, само три пати капитулираше во првите десет кола.

Кулибали редовно се поврзува со големите европски клубови, но тој нема намера да се сели од Неапол. Во разговор со новинарот, Валтер ди Маџо, открил каде би сакал да игра доколку се случи да замине од Наполи.

„Би заминал од Наполи само во три клуба. Сити на Пеп Гвардиола, Барселона и Реал Мадрид“, рекол Кулибали.

Во минатото тој се поврзуваше и со Јувентус, но вели дека таков трансфер никогаш нема да се случи.

„Дали сте луди? Јас во Јувентус? Никогаш не би направил такво предавство. Никогаш не би го предал Наполи и неговите навивачи“.

Кулибали е играч на Наполи од 2014 година, претходно играше во Гент.

> Кулибали: Јас во Јувентус? Никогаш не би направил такво предавство <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН