Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Кулибали може да ja продолжи кариера во Ливерпул

Јунајтед понудил 82 милиони фунти за Кулибали во последните денови од трансфер прозорецот
300x250 opst2

Рим, 1 мај 2020 (МИА) – Ливерпул може да го купи дефанзивецот на Наполи, Калида Кулибали, пренесува „Тутумеркато“.

Според изворот, „црвените“ очекуваат дека заедно со Вирџил ван Дајк, Кулибали ќе создаде моќен пар централни дефанзивци. Се известува дека поради овој трансфер, Ливерпул може да го напушти Жоел Матип.

Во сезоната 2019/20, Кулибали одигра 21 натпревар за Наполи. Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на дефанзивецот на 56 милиони евра.

Претходно беше објавено дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е подготвен да го ослободи 28-годишниот Сенегалец за најмалку 100 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025