Утрински Весник
Свет

Кулеба: Победете ја Русија со остри санкции, заедно ќе ја запреме руската агресија

Кулеба: Победете ја Русија со остри санкции, заедно ќе ја запреме руската агресија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба зборувајќи за конфликтот, нагласи дека грешките од минатото не треба да се повторуваат.

„Во нашите очи, Путин ја потопува Европа во најмрачното време од 1939 година. Немојте да седите настрана со наивна надеж. Не ги повторувајте грешките од минатото. Победете ја Русија со остри санкции. Обезбедете воена и финансиска поддршка на Украина. Заедно ќе ја запреме руската агресија“, рече Кулеба.

Агенциите потсетуваат дека властите на Украина ги повикаа сите пријателски и партнерски земји да ги прекинат дипломатските односи со Руската Федерација.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија