Утрински Весник
Свет

Кулеба: Одбивањето на кандидатскиот статус на Украина би значело дека Европа не измами

Одбивањето да и се даде на Украина статус на кандидат за ЕУ ​​би значело измама на Украина од страна на Европа, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Тој за „Фајненшл тајмс“ изјави дека Украина летово очекува да добие статус на кандидат за влез во Европската унија и дека ако не добие статус на кандидат, тоа ќе значи само едно – дека Европа се обидува да ја измами, пренесува Униан.

Кулеба наведува дека Украина е единственото место во Европа каде што луѓето гинат за вредностите на кои се заснова ЕУ и тоа треба да се почитува.

Можете да прочитате

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа

Фидан: Ердоган планира да ја посети Сирија