Утрински Весник
Свет

Кулеба: Време е Западот да воведе санкции кон Русија

Кулеба: Време е Западот да воведе санкции кон Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба зборуваше за тензиите меѓу Русија и Украина.

Тој рече дека е крајно време Западот да воведе барем дел од санкциите што ги подготвил против Русија.

– Русија треба веднаш да биде запрена. Гледаме како се одвиваат работите – рече тој.

Тој додаде дека е време за акција.

– Постојат сите причини што барем дел од санкциите подготвени против Русија може веднаш да се спроведат – додаде министерот.

Неговата изјава дојде веднаш откако Русија и Белорусија одлучија да ги прошират воените вежби во близина на украинската граница и додека западните лидери предупредија на неизбежна руска инвазија додека судирите се интензивираат во источна Украина.

Можете да прочитате

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа