Утрински Весник
Свет

Кулеба бара од ЕУ повеќе оружје и дополнителни санкции против Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја повика Европската Унија да испрати повеќе оружје во Киев и да воведе дополнителни санкции кон Русија.

dobivaj vesti na viber

„Денеска им се обратив на министрите на ЕУ во Советот за надворешни работи. Мојата клучна порака е: оружје за Украина, санкции за Русија и одговорност за Русија – ова се три начини за враќање на мирот, подобрување на безбедноста и заштита на стабилноста во Европа“, објави Кулеба на Твитер, објави Си-ен-ен.

Како што рече шефот на украинската дипломатија, тој е благодарен за воената помош од 500 милиони евра и повика на дополнителна билатерална воена помош.

Зборувајќи за дополнителни санкции против Русија, Кулеба побара да се воведе енергетско ембарго, да се ограничи цената на нафтата и да се забранат сите руски ТВ-канали.

Тој, исто така, рече дека ги охрабрува земјите од ЕУ да го поддржат „Специјалниот суд за кривично дело агресија против Украина“.

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан