Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Со навремени мерки заштитен е стандардот на граѓаните

Кузеска: Со навремени мерки заштитен е стандардот на граѓаните

Со одоговорни и навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните со најмало поскапување на струјата од 9,48 процента, истакна на денешната прес конферениција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додде дека ширум светот расте цената на струјата поради глобалната енергетска криза, во Италија на пример цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти.

Актвирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја кај нас значително придонесе да имаме вака минимално поскапување.

Иако опозицијата најавуваше поскапување и до 40% со што ја покажа својата неспособност.

Кузеска истакна дека за дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања во Буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите семејства.

Со 60 милиони денари финансиска помош 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Македонската економија е стабилна и ликвидна и има капацитет да се справи со сите предизвици што ги носи енергетската и здравствената криза.

Бројките кажуваат дека во 2021 година има добри економски показатели.

Кузеска наведе дека растот на економијата е над 4%, приходите се зголемени што докажува дека економските мерки коишто ги реализираше Владата предводена од СДСМ дадоа резултат.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство коишто ги предводи ќе продолжи со носење и реализирање мерки и политики кои се со цел ублажувње на последиците од кризата, а воедно и го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните, изјави Кузеска.

Можете да прочитате

Министерот Зоран Љутков на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ во Истанбул

Денеска нови претреси во објекти за марихуана поврзани со големата заплена во Србија

Расчистени девет случаи на измама со лажни сообраќајки, охриѓанец жртвите ги оштетил за 60.000 евра