Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Мицкоски се плаши од редовни избори за две години оти знае дека градоначалниците не работат, а граѓаните го гледаат тоа

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите шест месеци откако ја добија довербата не сработеа ништо. Буквално ништо, истакна на прес-конференција портпаролката  на СДСМ, Богданка Кузеска.

Портпаролката на СДСМ вели дека затоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се заканува со блокади и се плаши од редовни избори во 2024 година оти знае дека општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат, а граѓаните го гледаат тоа.

Кузеска рече дека неработата е изразена и во градот Скопје.

„Градоначалничката Арсовска во изминатите 6 месеци нема реализирано ниту еден проект. Нема бесплатен јавен превоз, депонии и ѓубре на секој чекор, нема нови паркови, зеленило, откажан е проектот за современ транспорт БРТ, а нема ниту нови 250 еколошки автобуси. Јавноста знае дека за набавката на автобусите повикан да зборува се јави и Христијан Мицкоски. После шест месеци заклучкот е дека градоначлниците на ВМОР-ДПМНЕ се најслабите градоначалници досега. Неспособност и неработа и ништо друго“, изјави Кузеска.

 

Можете да прочитате

Меџити наредил итно затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности

Тошковски: Се уште не можам да откривам кој стои зад пожарите