Утрински Весник
Македонија

Крушево го реконструира патот до Пуста Река

Се асфалтира патот Гостиражни-Богомила

Крушево, 1 јуни 2020 (МИА) – Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Крушево до селото Пуста Река, проект финансиран и имплементиран од Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Крушево.

Фирмата изведувач започна со гребење на асфалтот, а во текот на оваа недела се очекува асфалтирање. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, патот се реконструира по 45 години.

– Овој проект е еден од многуте кои ги имплементираме на целата територија на Крушево и со тоа покажуваме дека работиме во секој дел од Општината. Работиме во градот и сме имплементирале активности и проекти во сите села, вели Христоски. ем/вг/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори