Утрински Весник
Економија

„Кромберг и Шуберт“ од утре времено запира со работа

„Кромберг и Шуберт“ од утре времено запира со работа

Битола, 19 март 2020 (МИА) – Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола, од утре времено запира со работа.

Прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија, изјавија за МИА од Секторот за човечки ресурси на фабриката.

Дистрибуцијата на производи за Шпанија е прекината пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија.

-Производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото наше производство ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука. Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука. Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија, посочија од секторот за човечки ресурси на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола. мт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025