Точно два месеци откако неговиот многу очекуван трилер „Тенет“ се појави во киносалите во САД, режисерот Кристофер Нолан се отвора за млаката заработка на филмот во услови на корона-криза.
„Тенет“ има заработено само 53.8 милиони долари на амриканскиот боксофис, иако во глобални рамки филмот поминува многу подобро, првично 293.3 милиони долари и моментално 347.1 милиони долари.
И покрај слабиот домашен резултат, Нолан за „Лос Анџелес тајмс“ изјави дека е воодушевен од резултатите на светските киноблагајни среде пандемија, иако додава дека ова е време за адаптација на филмскиот бизнис.
„Секој мора да се прилагоди на новата реалност,“ рече тој, додавајќи дека филмот настапи доминантно на меќународно ниво.
„Долгорочно, гледањето филм во киносала е дел од животот, како и одењето во ресторани и сè друго. Но, во моментов, сите мора да се прилагодиме на новата реалност.“
„Ворнер Брос“ даде зелено светло за прикажување на „Тенет“ и јас сум воодушевен што филмот заработи речиси 350 милиони долари, рече тој, алудирајќи на светскиот боксофис.