Утрински Весник
Магазин

Кристин Дејвис смета дека новото поглавје на „Сексот и градот“ го одразува модерниот свет

Кристин Дејвис смета дека новото поглавје на „Сексот и градот“ го одразува модерниот свет

Кристин Дејвис смета дека новата сезона на хит-серијата „Сексот и градот“ му се обраќа на современиот свет.

56-годишната актерка ја повтори улогата на Шарлот Голденблат во мини-серијата под наслов „И едноставно така …“ и открива дека ова поглавје ќе биде многу различно од оригиналот.

Во интервју за „Ентертејнмент тунајт“ таа објасни: „Нашата цел беше ова да биде следното поглавје. Тоа е нашата единствена причина да имаме поинаков наслов.“

Кристин, која повторно се соедини со Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон за новата серија, инсистира на тоа дека ова поглавје го одразува современиот свет.

„Не сакавме луѓето да ги имаат истите очекувања кога очигледно е различно време, тоа е различна серија што зборува за сегашноста. Затоа и се вика ‘И едноставно така’.“

Можете да прочитате

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година