Утрински Весник
Магазин

Кристина Агилера не сака диети

Кристина Агилера не сака диети

Кристина Агилера на моменти се судира со својата анксиозност и сопствените грижи.

Пејачката признава дека понекогаш е хиперкритична кон себе и дека отсекогаш се обидувала да се форсира себеси за да биде што подобра.

„Бидете љубезни кон себе. Сите одиме по патот на внатрешно истражување, тоа е наша работа како човечки суштества. Секој оди по различен пат, така што нема смисла да се прават споредби “, изјави таа за весникот  L’Officiel Italia.

Во интервјуто Агилера (39) открива дека страдала од анксиозност за својот имиџ, но дека се откажала од обидот да биде совршена: „Не одам на диета, го преболев тоа“.

„Пливајте по вашата патека. Ако губите време гледајќи преку рамо за да видите што прават другите, губите од вид навистина важни работи – ова е најдобриот совет што некогаш сум го слушнала,“ вели пејачката.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Емоционална злоупотреба: Невидливо насилство што остава длабоки последици

Кардиолози: Редовното вежбање е најважната навика за здраво срце

Пиењето неколку шолји кафе или чај со кофеин може да помогне за менталните способности и спречувањето деменција