Утрински Весник
Македонија

Кризен штаб Гостивар: Состојбата со пандемијата во гостиварско станува сериозна

Кризен штаб Гостивар: Состојбата со пандемијата во гостиварско станува сериозна

Гостивар, 30 јуни 2020 (МИА) – Зголемувањето на бројките на новоинфицирани во гостиварскиот регион загрижува и потребно е да се спроведат активности за доследно почитување на мерките за заштита од корона вирусот. Oва е една од оценките на кризниот штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше.

Ново откриените случаи се од различни населени места и нaселби, што според претседателот на кризниот штаб Арбен Таравари, олабавувањето на мерките и зголемената раздвиженост се ризици кои може да придонесат за зголемување на бројот на заразени.

– Состојбата во овие три општини веќе е сериозна. Сите претставници на институции кои членуваат во штабот апелираат до граѓаните за стриктно придржување на мерките за заштита и протоколите. Состојбата на државно ниво е надвор од контрола. За среќа во Гостивар, во однос на другите градови сме во подобра позиција иако бројката е сериозна. Загрижувачко е дека новозаболените се од различни региони и дека процентот на тестирани кои се позитивни е 15 до 20 отсто и со тоа влегуваме во „црвена фаза“, рече Таравари.

Во Гостиварската општа болница, капацитети за сместување на заболени се речиси пополнети. Во болницата има можност за сместување на 18 пациенти со ковид-19, а слободни кревети се четири. Управата се обратила до властите да им се обезбеди шатор за времена амбуланта и тријажа на сомнителни и заразени со коронавирусот.

Во последната статистика на здравствените власти се наведува дека се излечени 44 пациенти, а активни се 64, од кои во општина Гостивар 43, Врапчиште 20 и еден случај има во Маврово Ростуше. Во трите гостиварски општини досега има 117 заразени – Гостивар 71, Врапчиште 40, и Маврово Ростуше 6. Починати се девет лица.зм/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФБИ алармираше, МВР реагираше: Спречен можен терористички напад во Тетово

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата