Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави против две лица за „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против А.Љ. (34) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, казниво од член 247 и „фалсификување или уништување деловни книги“, по член 280, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од МВР, поднесена е кривична пријава и против лицето Ф.Љ. (35) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, казниво по член 247, во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Првопријавениот А.Љ. во ноември 2019 во Централен регистар регистрирал фирма од Скопје, на која истиот е сопственик и управител, при што во текот на декември 2019 година оштетил повеќе правни лица со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Притоа, тој со умисла и за сметка на фирмата нарачувал и купувал трговска стока, која потоа ја продавал како физичко лице и остварувал имотна корист, a книговодствената документација за извршената купопродажба не ја евидентирал, односно купената стока не ја прикажал во сметководствениот влез и излез, се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму појаснуваат дека кривичните дела  А.Љ. ги извршил на идентичен начин, со помош на второпријавениот Ф.Љ., негов брат, така што со доведување и одржување во заблуда на управителите на оштетените правни субјекти, пријавените за себе прибавиле противправна имотна корист во вкупен износ од 1.570.389 денари. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна