Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против тетовец кој без дозвола вршел јавен превоз на патници

Кривична пријава против тетовец кој без дозвола вршел јавен превоз на патници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Жител на тетовското село Нераште бил фатен како врши јавен превоз на патници без лиценца.

Според информациите, на 04.02.2022, полициски службеници од СВР Тетово, на регионален пат Тетово-Јажинце, извршиле контрола во возило „форд“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(61), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

Можете да прочитате

Лажен „доктор“ измамил 77-годишна жена од Скопје за 150.000 денари

Протест за чист воздух – Граѓанска акција против Усје

34-ти протестен марш во Кочани – Болката трае, правдата се уште ја нема