Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за седум лица за насилството во Матка

Поведена истрага за силување против косовски државјанин
Ss2

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, против М.С.(40), Ќ.С.(23), М.С.(47), И.С.(25), Р.И.(24), Б.Е.(32) и В.К.(24), сите од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

На 09.05.2020 околу 15.10 часот, соопштија денеска од МВР,  пријавените пристигнале на платформата за чамци во кањон Матка во сопственост на А.С.(40), С.С.(41) и С.С.(31), сите од Скопје.

300x250 (7)

– Веднаш потоа, првопријавениот физички го нападнал А.С., додека четвртопријавениот со нож му се заканувал. Потоа, второпријавениот физички го нападнал С.С.(31). Во тој момент се вмешал полициски службеник, кој се обидел да ги раздели и да ја смири ситуацијата, но првопријавениот од пиштол за светлосно – звучна сигнализација испукал еден проектил кон оштетениот А.С., се појаснува во соопштението од МВР. цр/скс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)