Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за пуштање фасификувани пари во употреба во Делчево

Кривична пријава за пуштање фасификувани пари во употреба во Делчево
Dik 300x250 mk

Делчево, 22 април 2020 (МИА) – Триесет и двегодишник од Делчево доби кривична пријава за фалсификување банкноти од 2.000 денари. Според полицискиот извештај,лицето И.С.(32) од Делчево иако знаел дека банкнотите се лажни, не ги пријавил туку ги употребил во казино во Делчево.
– На 8 јануари.2020 во казино во Делчево пријавениот, иако знаел дека се направени лажни банкноти во апоени од по 2.000 денари, со ист сериски број, и бил должен да ги пријави како фалсификувани, тој му ги дал на лицето А.Д.(39) од Делчево, вработена во казиното, се наведува во полицискиот извештај.
Кривичната пријава е поднесена од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”. вс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се бара притвор за битолчанка: Оставала марихуана на ѕидна ограда од кадешто купувачите си ја подигнувале

Возило заглави во подвозник во Тетово, поради надојдена вода од пороен дожд (ФОТО)

Властите ги смируваат граѓаните: Нема истекување на линдан во Охис