Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за полицаец од Битола за лихварство

Кривична пријава за полицаец од Битола за лихварство

Полицаец од Битола доби кривична пријава за лихварство. Според информациите од МВР, полицискиот службеник З.Б.(31) давал пари на заем со камата од 10 проценти.

„ Пријавениот, во текот на 2020 и 2021 година, искористувајќи ја тешката имотна состојба на оштетените, а со цел за себе да прибави поголема имотна корист, склучил фиктивни договори за заем на парични средства, со несразмерна камата од околу 10%, кои се заверени на нотар и се изготвени солемнизации со својство на извршна исправа, со што се стекнал со вкупна материјална корист од околу 397.700 денари само на име камати“ соопшти МВР.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле одземени неколку договори за заем и договори за купопродажба на моторни возила, склучени со четири оштетени лица.

Можете да прочитате

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, шестмина уапсени

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните

ВЛЕН: Новата учебна година со повеќе олеснувања за учениците и помали трошоци за родителите