Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за лихварство

Кривична пријава за лихварство

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ј.(45) и Е.Ј.(40), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Во текот на 2020 и 2021 година, пријавените на 19 социјално загрозени лица од Штип, приматели на парична помош и други социјални додатоци, им давале пари на заем, а за услугата им наплаќале камата од најмалку 50 % од дадениот заем.

Како залог, пријавените им ги земале платежните банкарски картички со пин кодовите и континуирано по секоја пристигната месечна социјална помош на сметките на оштетените, пријавените од банкомат подигале пари сѐ до целосно враќање на заемот.

Можете да прочитате

Обвинение против поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и седум полициски службеници

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

СДСМ: Нов бран на економско тонење, животниот стандард срозен