Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.Г.(49) од Кавадарци, генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми во државна сопственост„Национални шуми“ – Скопје и З.К.(61) од Кичево, раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ – Кичево, осомниени за казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што соопшти МВР,  во пријавата се опфатени и шумочуварите Ж.В.(59) од кичевското село Свиљиште, Ѓ.Т.(59) од Кичево и В.М од селото Другово, референт за превоз во „Лопушник“, за сторени казнено дело „несовесно работење во службата“.

-Со извршувањето на казнените дела, се овозможила бесправна сеча на 2.293,51 метри просторни дрвна маса сопственост на ЈП „Македонски шуми“ со што му предизвикале материјална штета во вкупен износ од 20.552.350 денари. На 25 јуни 2019 година, пријавениот генерален директор на ЈП „Национални шуми“, го овластил второпријавениот да склучи купопродажен договор за огревно дрво кои не се предвидени за сеча. Тој свесно приложил друг записник за пресметани средства за проширена репродукција, со кој на правното лице „Коста-Комерц“- Кичево,му овозможил заради препродажба да купи дрвни сортименти во вкупна вредност од 116.230,00 денари, соопшти МВР.

Второпријавениот им наложил на останатите пријавени  да вршат шумочуварска служба во други региони без претходно да формира комисија за примопредавање на шумочуварските реони.

Третопријавениот и четвртопријавениот во периодот од 2 јули 2019 до 14 август 2019 со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле во вршење на своите овластувања и должности на одговорни лица-шумочувари во ШСЕ „Љубен-Србјани“ во ЈП „Национални шуми“ – ПШС „Лопушник“- Кичево. хс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност