Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за дебранецот кој обиде да силува сограѓанка

Кривична пријава за дебранецот кој обиде да силува сограѓанка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 27 февруари 2020 (МИА) –  Кривична пријава заработи дебранецот кој се обиде да силува сограѓанка.

-Поради постоење основи на сомнение за обид за силување, Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривична пријава против Б.Д. (33) од Дебар. Тој, на 22 овој месец  околу 22 часот, беше приведен и лишен од слобода откако претходно влегол во домот на 42 годишна жена, жителка на Дебар, по што се обидел да го изврши казненото дело, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека се очекува судија на претходна постапка да одреди мерка притвор.

Портпаролот Димоски информраше дека вера во 16:45 часот, на улицата „8-ми Септември“ во Дебар,  нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Л.(23) и А.К.(32), двајцата од Дебар.

Тие се приведени во Полициската станица од општа надлжност по што ќе им биде поднесена соодветна пријава.вт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Богдановиќ обвини дека во СДСМ има србофобија, од Бихаќка му вратија дека ја предал партијата за пари

Филипче со честитка за Католички Божиќ: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Мицкоски со честитка за Божиќ до сите кои го празнуваат денеска