Утрински Весник
Македонија

Кривична за поранешен директор и секретар на охридската болница поради злоупотреба на службената положба

Кривична за поранешен директор и секретар на охридската болница поради злоупотреба на службената положба

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) и А.Н.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Пријавените, во текот на 2016 година, во својство на директор и секретар во Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Охрид, на вработен во болницата му издале решение за неплатено отсуство, а потоа донеле незаконито решение со кое претходното решение за неплатено отсуство се става вон сила, за што оштетениот не бил известен. По негово недоаѓање на работа во текот на три последователни работни денови, пријавените донеле одлука со која на оштетениот му го раскинале договорот за вработување“, велат од МВР.

Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле фондот на на ЈЗУ„Општа болница“ за износ од 883.648 денари, кој треба да му го исплати на оштетениот со правосилна судска пресуда.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски