Утрински Весник
Македонија

Кривична за двајца кичевци за прекршување на полицискиот час

Приведени четворица во Велес за напочитување на полицискиот час, во Кавадараци и Неготино по двајца

Кичево, 26 март 2020 (МИА) – Полицијата поднесе кривични пријави против двајца кичевчани кои не го очитувале полицискиот час.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.И. (22) од Кичево. Тој не се придржувал до мерката за забраната за движење на граѓаните во временскиот период од 21:00 до 05:00 часот заради спречување на ширење на коронавирус COVID – 19, предвидена со одлука на Владата на РСМ.

Пријавениот, на 21 март во 21:15 часот, во време кога е на сила полицискиот час, на булеварот „Ослободување“, управувал патнички автомобил „голф“ по што, бил приведен во полициска станица, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Тој исто така објасни дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.П.(50) од Кичево, кој не се придржувал до мерката за забрана за движење на граѓаните од 21:00 до 05:00 часот.

Пријавениот, на 24 март во 00.35 часот, кога е на сила полицискиот час, на магистралниот пат Кичево-Охрид управувал патнички автомобил „голф“ по што, бил приведен во полициска станица. рф/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата ги усвои измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште

Скопјанец шест дена докажувал дека не направил прекршок: Грешка во „Безбеден град“

ВМРО-ДПМНЕ: Времето на злоупотреба на државни ресурси заврши