Утрински Весник
Спорт

Кренаа паника за ништо – Барса не мора да доплати за Кутињо

Кренаа паника за ништо – Барса не мора да доплати за Кутињо

Барселона не мора да му исплати на Ливерпул, дополнителни 20.000.000 евра, за Филипе Кутињо. Долго време медиумите шпекулираа, дека постои клаузула во договорот на Кутињо, според која Ливерпул треба да ја добие оваа сума, кога Бразилецот ќе го одигра 100. натпревар за „Блауграна“.

Медиумите во Шпанија откриле дека таква клаузула воопшто не постои в договорот на Кутињо. Информацијата, повикувајќи се на извори од Ливерпул, ја потврдиле и англиските медиуми.

Кутињо, во неделата, против Реал Мадрид го одигра 99.натпревар за Барселона. Јубилејот ќе го обележи утре, на „Ваљекас“, против Рајо Ваљекано, во 11.коло во Примера.

> Кренаа паника за ништо – Барса не мора да доплати за Кутињо <

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец