Утрински Весник
Свет

Кремљ: 10 американски дипломати ја напуштаат Москва

Кремљ: 10 американски дипломати ја напуштаат Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес соопшти дека 10 американски дипломати мора да ја напуштат Москва.

Ова е контра мерка од Русија на неодамнешната одлука на администрацијата на Бајден за протерување на руски дипломати, анализираат светските агенции.

„Десет дипломати се наоѓаат на списокот што ни го предаде американската страна. Тие побараа заминување од Соединетите Американски Држави, ние ќе дадеме одговор на тоа. Бараме десет американски дипломати да ја напуштат нашата земја“, рече Лавров на прес-конференција.

САД ја обвинуваат Русија за хакерскиот напад на „Соларвиндс“. Тие најавија санкции против Русија за тој хакерски напад и наводно мешање во изборите во 2020 година. САД одлучија да протераат 10 руски дипломати.

Санкциите најавувани со недели од администрацијата на Џо Бајден претставуваат прва одмазда најавена против Кремљ за минатогодишниот хакерски напад на „Соларвиндс“, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Објавени слики од авионот на летот Лондон-Сингапур во кој од силни турбуленции загина патник

ОН: Во изминатите два дена нема помош за Газа од доковите изградени од САД

(ВИДЕО) Маса луѓе на првата погребна церемонија на иранскиот претседател