Утрински Весник
Свет

Кремљ: Учесниците на протестите за Навални се хулигани

Кремљ: Учесниците на протестите за Навални се хулигани

Кремљ соопшти дека луѓето што учествувале на вчерашните протести против апсењето на опозицискиот политичар Алексеј Навални се хулигани и провокатори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на телеконференција пред новинарите изјави дека дијалогот со такви луѓе е невозможен, еден ден по протестите на сојузниците на Навални во Москва и во десетици градови низ Русија.

„ Не може да има разговори со хулигани и провокатори“, рече Песков.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на чешката разузнавачка служба: Русија би можела да го тестира НАТО со напад врз Балтикот

Над 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Русија со драматично предупредување: Напуштете го Киев веднаш!