Утрински Весник
Свет

Кремљ: Најавата на Лукашенко за блокада на гасот не е одобрена од Москва

Кремљ: Најавата на Лукашенко за блокада на гасот не е одобрена од Москва

Изјавата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, дека ќе го блокира транзитот на гас за Европа, не е одобрена од Москва, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Не, неговата изјава не беше координирана со нас. Станува збор за нашиот сојузник, Белорусија е суверена држава“, изјави Песков и додаде дека Русија ќе остане сигурен снабдувач на енергија на Европа, без оглед на акциите на Белорусија, пренесе ТАС С.

„ Русија отсекогаш била и потенцијално ќе остане земја која гарантира енергетска стабилност на европскиот континент. Без разлика на акцијата на белоруската страна, Москва сигурно ќе и гарантира на Европа енергетска безбедност“, додаде портпаролот на Кремљ.

Можете да прочитате

 120 членови на Исламска држава избегале од затвор во Сирија

Руски напад врз Киев, делови од градот без струја и греење

Цените на златото постојано растат