Утрински Весник
Свет

Кремљ за испраќање американски војници во Европа: САД продолжува да ги зголемува тензиите

Кремљ за испраќање американски војници во Европа: САД продолжува да ги зголемува тензиите

Распоредувањето на американски војници во Европа е доказ дека Русија има причина за загриженост, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– САД де факто продолжуваат да ги креваат тензиите во Европа – рече Песков, а пренесе ТАС С.

Тој оцени дека распоредувањето војници „е најдобар доказ дека Русија има очигледна причина за загриженост“.

Пентагон претходно објави дека 2.000 американски војници ќе бидат испратени од Северна Каролина во Полска и Германија, а уште 1.000 војници, кои веќе се во Германија, ќе бидат префрлени во Романија.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа