Утрински Весник
Политички Партии

Крекиќ: Сега е време за солидарност и почитување на препораките за заштита од Ковид-19

1Крекиќ Сега е време за солидарност и почитување на препораките
300x250 (7)

 

Скопје, 5 април 2020

Солидарност кај младите во Европа и почитување на мерките за превенција од Ковид-19 се главните заклучоци на дигиталниот конгрес на пролетното собрание за избор на нови членови во Младите Европски Либерали – LYMEC. На настанот земаа активно учество од Либерално-демoкратската младина – ЛИДЕМ.

300x250 (7)

„ЛИДЕМ требаше да биде за првпат домаќин на конгресот на LYMEC во Македонија, но поради епидемијата предизвикана од Ковид-19, се одлучи настанот да се организира виртуелно, користејќи дигитална платформа. На собранието учество земаа 200 делегати од цела Европа. Со ова покажавме дека во време на криза, ние, како млади луѓе може активно да работиме и да дискутираме за моменталната состојба во цела Европа. Би сакал да и честитам на нашата интернационална секретарка, Санда Крекиќ која беше изгласана за внатрешна ревизорка на Младите Европски Либерали“ изјави претседателот на ЛИДЕМ, Димитар Ванчов.

Директорката на Либералниот Институт Скопје  – Санда Крекиќ, која е магистер на науки во областа на финансии и банкарство, со новата функција во LYMEC, како внатрешна ревизорка е пред голем интернационален предизвик.

„Навистина би сакала да се заблагодарам на сите делегати кои што гласаа за мене и ми ја дадоа целосната доверба да бидам внатрешна ревизорка. Од денеска, тоа за мене претставува една поинаква страница во мојата политичка кариера, така што во LYMEC европското семејство, рамо до рамо ќе ги градам европските вредности. Сега е момент кога треба да се грижиме едни за други, да ја почитуваме социјалната дистанца и да покажеме солидарност. Сакам да им испратам порака до сите врсници  активно да се вклучат во младинската политика и заедно да ги креираме европските либерални вредности“ истакна Санда Крекиќ.

Младите Европски Либерали – LYMEC основана во 1976 година e интернационална младинска организација, преку промоција на своите либерални младински движења е дел од Алијансата на либерали и демократи во Европа. Нивната мисија е да имаат позитивно влијание на европско ниво, работејќи за подобра либерална Европа.

Либерално демократска партија
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт