Кичево, 21 мај 2020 (МИА) – Институтот за трансфузиона медицина во Кичево во соработка со Црвениот крст во Кичево денеска организираа крводарителска акција за матурантите од О.С.У. „Мирко Милевски” од Кичево, при што се собрани вкупно 16 единици крв.
-Матурантите од О.С.У. „Мирко Милески” од Кичево , денеска даруваа крв , токму во екот на светската паднемија, во моментот кога потребата од крв и крвни продукти е најпотребна, учениците ја покажаа својата хуманост на дело. Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст во Кичево успешно ја спороведоа крводарителска акција. Воедно голема благодарност и до сите матуранти кои својата хуманост несебично ја покажаа на денешната акција каде што дарувaa до овие моменти вкупно 16 единици крв . Исто така благодарност и до претседателот на младинската организација во оваа училиште за иницијативата и оранизацијата на оваа хуманитарна акција , вели доктор Валбона Незири од Институтот за трансфузиона медицина во Кичево. рз/цр/