Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во Дебар

Крводарителска акција во Дебар

Дебар,11 јуни 2020 (МИА) – Во организација на дебарската организација на Црвен крст денеска во просториите на Општата болница во Дебар, беше спроведена крводарителска акција.

-Ова е втора акција годинава бидејќи другите планирани за овој период беа одложени поради состојбата со Ковод-19. Денешната може да се оцени како успешна, бидејќи за време на неколкучасовниот престој на екипата на Институтот за трансфузиологија од Скопје, од пријавените 40-тина лица, крв даруваа 29 од нив, вели Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

На претходната и оваа акција собрани се 80 крвни единици. И на двете акции поголемиот број од крводарителите се млади.

За годинава, вели Телќиу, планирани се вкупно седум редовни акции, а доколку има потреба ќе организираме и вонредни, но сето тоа зависи од договорот со Институтот и потребите за драгоцената течност, што живот значи.

Годишниот план за крводарување предвидува да се соберат 744 крвни единици. Дебар е еден од градовите во државава каде редовно се исполнува планот, а не ретко и се надминува. вт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Компанијата dm drogerie markt ги предупредува граѓаните да не веруваат во информации кои се споделуваат за измами со повлекување на пари од сметка и лажни наградни игри!

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици