Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Крај на серијата од соништата! Поранешен вардарец ја остави Македонија во Лига Ц

Крај на серијата од соништата! Поранешен вардарец ја остави Македонија во Лига Ц
Img 7972

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја продолжи низата без порази со која стигна и до Европското првенство, откако во последното коло од Лигата на нации, загубивме со 1:0 од Ерменија на Кипар за да ни избега првото место и влетувањето во Лига Б, но и алтернативна шанса за пласман на Светското првенство во Катар во 2022.

Човек на одлука беше фудбалер кој македонските љубители на фудбалот добро го познаваат, Ховханес Хамбарѕумјан, поранешниот фудбалер на Вардар, кој во 55. минута со малку среќа и со одбивање на топката од нашите одбранбени фудбалери го постигна единствениот гол на мечот.

Очигледно уморни од третиот натпревар во низа, без Горан Пандев, Аријан Адеми и Елиф Елмас, имавме доволно шанси да го осигураме првото место со шанси во првото и второто полувреме, но на крајот тоа не беше доволно за реми, кое не водеше на првото место. Ова беше прв пораз на Македонија во Лигата на нации оваа сезона.

ЛИГА НА НАЦИИ, ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Ерменија – Македонија 1:0

Грузија – Естонија 0:0

Конечна табела: 1.Ерменија 11, 2.Македонија 9, 3.Грузија 7, 4.Естонија 3

> Крај на серијата од соништата! Поранешен вардарец ја остави Македонија во Лига Ц <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица