Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Крај за Милвоки, Мајами во финалето на Истокот

Крај за Милвоки, Мајами во финалето на Истокот
300x250 opst2

Кошаркарите на мајами Хит ги совладаа Милвоки Бакс со 103:94 и со вкупен резултат 4-1 изборија пласман во финалето во Источната конференција. Последен пат финале на Истокот Мајами играле во сезоната 2013/2014 кога слвеа над Индојана Пејсерс, а потоа во борбата за титулата во големото финале беа поразени од Сан Антонио Спарс.

Милвоки, екипа која го имаше најдобриот резултат во лигата во регуларниот дел од сезоната, во петтиот меч не можеше да им се спротивстави на Мајами без својот најдобар играч, Јанис Адетокумпо.

Џими Батлер и Горан Драгиќ со по 17 поени беа најефикасни во редовите на Мајами, Батлер имаше и 10 скока и шест асистенции.

Крис Мидлтон се истакнаа кај Милвоки со 23 поени и Брук Лопез со 15 поени и 14 скокови.

Мајами во финалето ќе игра против победникот од серијата помеѓу Бостон Селтикс и Торонто Репторс.



> Крај за Милвоки, Мајами во финалето на Истокот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН