Утрински Весник
Свет

Во Индија 89.706 заразени за еден ден

Индија го надмина Бразил по бројот на заразени со коронавирус

Индија забележа 89.706 случаи на зараза со коронавирус во последните 24 часа, што е еден од најлошите дневни биланси во светот од избувнувањето на пандемијата.

Во Индија, вкупниот број на заразени достигна 4,37 милиони, а 73,890 починаа од Ковид-19, според индиското Министерство за здравство.

Повеќе од милион луѓе се регистрирани позитивни на коронавирусот во Индија за помалку од две недели.

Тестирањето се зголеми на повеќе од еден милион лица на ден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хронологија: САД ја завршуваат воената присутност во Ирак по 23 години

Според истрага, повеќе од 270 свештеници во Масачусетс злоставувале деца со децении

Од судско депо на Фиџи исчезна кокаин во вредност од околу 14 милиони долари