Утрински Весник
Спорт

Крај за Кемба Вокер

Крај за Кемба Вокер

Кариерата на Кемба Вокер, поранешен Ол стар и американски репрезентативец, се движи по надолна линија. Њујорк Никс, објавија дека Вокер нема да игра до крајот на сезоната.

Вокер, оваа сезона го облече дресот на франшизата од родниот град. Во Никс пристигна од Бостон Селтикс, каде што имаше две разочарувачки сезони.

Во Њујорк, Кемба Вокер, не успеа да се „најде“ со тренерот Том Тибодо. Ја почна сезоната, одигра десет натпревари, по што Тибодо го тргна од ротацијата. Го врати во тимот по повредата на Дерик Роуз. Вокер имаше неколку забележителни партии, но јасно е дека никогаш не бил во плановите на тренерот.

Роуз се враа во екипата по повредата, што значи дека за Вокер повеќе нема место во тимот.

Франшизата објави дека се договориле со Вокер тој да не игра до крајот на сезоната 2021/2022.

> Крај за Кемба Вокер <

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката