Утрински Весник
Свет

Кралицата Елизабета го одобри трговскиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ

Кралицата Елизабета го одобри трговскиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролката на Претставничкиот дом, Линдзи Хојл, им порача на пратениците дека трговскиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ е одобрен од кралицата Елизабета Втора.

По одобрувањето од кралицата Елизабета Втора, договорот може да стапи на сила на 31 декември во 23 часот по локално време.

Вчера во Лондон британскиот премиер Борис Џонсон го потпиша трговскиот договор склучен со ЕУ за трговски односи од 1 јануари 2021 година.

Џонсон, кој го потпиша договорот пред камерите, изјави дека документот претставува почеток на прекрасен однос меѓу Велика Британија и нејзините пријатели и партнерите во ЕУ.

Пред Џонсон, договорот го потпишаа истиот ден во Брисел претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

ЕУ ќе го објави договорот во Службен весник до 31 декември за да може да стапи во сила на 1 јануари.

Неговата примена ќе биде привремена се додека не биде ратификуван од Европскиот парламент.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп