Утрински Весник
Свет

Крадци провалиле во вилата на американски дипломат во Виена

Крадци провалиле во вилата на американски дипломат во Виена

Вилата на министерот советник во Амбасадата на САД во Виена била цел на провалници, кои украле вредна таписерија и ја запалиле.
Според весникот „Кронен цајтунг“, украдена е таписерија во вредност од 700.000 евра, која го красела ѕидот на резиденцијата на вториот човек во Амбасадата.

Провалниците запалиле пожар пред да ја напуштат зградата.

Кражбата се случи непосредно пред доаѓањето на новиот американски амбасадор во Виена, Викторија Кенеди, вдовица на поранешниот сенатор Тед Кенеди.

Кражбата била откриена викендов, а вилата била празна, под видео, но не и под алармен надзор.

Службата за заштита на уставот и борбата против тероризмот (ЛВТ) започна истрага за овој случај.

Осомничените се градежни работници кои ја реновирале вилата, но и поранешни вработени во Амбасадата.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија