Утрински Весник
Македонија

Кој направи политички договор на штета на економијата и граѓаните на Македонија?

Кој направи политички договор на штета на економијата и граѓаните на Македонија?

Новиот закон за игри на среќа би ја згаснал целата индустрија, би оставил без работа десетици илјади работници, а државната каса без 280 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот. Ваков бесмислен потег само ќе ги префрли игрите на среќа на црниот пазар каде не постои можност за заштита на играчите, ниту малолетниците.

Повеќе од 10.000 луѓе стравуваат за своите работни места, а вкупно 70.000 директно и индиректно вработени во индустријата на игри на среќа чекаат расплет на срамно напишаното сценарио во кое цела стопанска гранка се гаси заради политички договор на штета на економијата и граѓаните на Македонија! Новиот закон за игри на среќа немилосрдно би избришал се добро што компаниите од оваа индустрија го правеа за економската стабилност, особено во период на криза заради епидемијата и би ја оставиле државната каса без 280 милиони евра кои што легалните приредувачи годишно ги придонесуваат во државниот буџет и буџетите на локалните самоуправи.

Почетокот на процесот на припрема на новиот закон за игри на среќа кој од 21 јануари е достапен на Единствениот национален електронски регистар (Енер), значи само дека во прв план се истакнуваат интереси на оние кои сакаат игрите на среќа да се префрлат на црниот пазар, каде не постои можност за заштита на играчите, ниту малолетниците. Под изговор дека се штитат интересите на малолетниците, со воведување на растојание помеѓу овие објекти и образовните институции од 500 метри, всушност децата се туркаат во илегалното обложување кое би им било на дофат на рацете!
На кого му е во интерес во екот на епидемијата да ја наруши економијата и целото општество? Мотив за ваков бесмислен предлог е исклучиво создавање на црн пазар од кого би се финансирале албанските партии, а негово усвојување значи дека во секој подрум ќе се организираат илегални активности, баш како и во Албанија.

Дали среде криза заради коронавирусот цел е Македонија да остане без стотици милиони евра кои со оваа одлука би се одливале на странски сајтови за обложување? На кого му одговара среде епидемија да се гаси индустрија од која живеат 10 отсто од населението на државата и која учествува со неверојатни 4 отсто удел во бруто домашниот производ. Само на оние кои своите интереси ги ставаат пред економската благосостојба на целата земја и кои не гледаат назад на отпуштените работници.

Одредени интересни групи работат и против здравствениот и против економскиот систем на земјата, не гледајќи на тоа дека се загрозени десетици илјади работни места. На кого му одговара државата да е во загуба? Повеќе од очигледно е дека ова оди во корист единствено на автомат клубовите и оние кои со ова драстично би ја зголемиле заработката. Интересите на лобистите засега се пред вработените во оваа индустрија кои стравуваат за својата работа додека се прават политички договори.

Со усвојување на новиот закон компаниите од оваа стопанска гранка би исчезнале од мапата на Македонија, што би оставило несогледливи последици врз државата и општеството. Ограничувањето на правото на работа низ некои скандалозни законски одредби би довело до кршење на уредбата за заштита на странски капитал и право на инвеститорите и директна штета за државата, која би морала да плати отштета од неколку стотици милиони евра.

Граѓаните повторно ќе бидат драстично оштетени доколку било што од новиот закон се усвои во интерес на политички предизборни договори и поединци.

(ПР-текст)

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош