Утрински Весник
Спорт

Кошта не мрда од Атлетико

Кошта не мрда од Атлетико

Мадрид, 17 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта планира да остане во составот до крајот на неговиот договор. Иако во изминативе месеци беше измачуван со повреди и е далеку од неговата најдобра форма, на шпанскиот репрезентативец ја користи довербата која во него ја има Диего Симеоне. Менторот на „јорганџиите“ е убеден дека следната сезона Диего Кошта ќе покаже што може и дека повторно ќе биде закана за сите голмани.

Според „Марка“, Бразилецот со шпански пасош ќе одбие какви било понуди што може да ги добие во текот на летото. Најмногу интерес доаѓа од Италија и конкретно од Рома и Наполи.

За разлика од Симеоне, раководството на Атлетико претпочита да го продаде Кошта за да обезбеди средства за нови засилувања. Покрај тоа, конкуренцијата во нападот ќе биде многу сериозна, затоа што се очекува на Жоао Феликс и Алваро Мората да им се придружи Единсон Кавани.

Договорот на Диего Кошта е до летото 2021 година. Тој можеше да замине минатото лето кога требаше да издржи казна од 8 натпревари, но реши да остане на „Ванда Метрополитано“ и сега ќе го стори истото.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата